Venko Filipce (@VFilipche) header
Venko Filipce (@VFilipche) profile picture

President of The Social Democratic Union of Macedonia Former Minister of Health

Skopje
Joined February 2020
Photo by Venko Filipce (@VFilipche)Photo by Venko Filipce (@VFilipche)Photo by Venko Filipce (@VFilipche)Photo by Venko Filipce (@VFilipche)Photo by Venko Filipce (@VFilipche)Photo by Venko Filipce (@VFilipche)Photo by Venko Filipce (@VFilipche)Photo by Venko Filipce (@VFilipche)Photo by Venko Filipce (@VFilipche)
Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка! ОЈО веднаш да отвори истрага и за Христијан Мицкоски и за Кочовска, да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Не само што била информирана, туку Владата на Мицкоски токму на предлог на Кочовска носела Заклучоци директно поврзани со понудата за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград на 16 јавни институции. Еве го Записникот. Седницата на Владата од 23 септември 2025 година. Владата им укажувала да дадат писмена изјава за прифаќање/одбивање на понудата на „Алта банка“. Дали ова значи дека биле во директна комуникација со Давор Мацура и му овозможувале да се стекне со поголем пакет акции на сметка на државата? Срам сте! Ќе одговарате!
3
17
3
56
2,575
Извештај на ЕК 2026: сè е полошо. Нула напредок против корупција, слобода на изразување и јавните набавки. Судство под политичка опсада и без пари. 40 тужби против новинари - тројно повеќе од лани. Медиумите под притисок. Земјоделство пред колапс. Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена. Сè оди надолу. Како да биде кога мафија владее со земјата?
10
16
2
48
2,202
Црна Гора, по Србија, тукушто ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group. Само кај нас Мицкоски и Славески ги убедуваат граѓаните дека сè е во ред. Ништо не е во ред. Уште во декември лани им рековме на граѓаните дека ова е пералница за пари на Вучиќ. До вчера Народната банка не мрдна. Со денови бараме реакција - дури денес прва реакција. Компаниите слободно да префрлаат пари. Граѓаните не можат. Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чека со часови. Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Не. Ова е мерка да се заштити капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити се заробени. Гувернерот молчи: колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија за Москва? Сега кога ја презедоа контролата, не можат да кажат дека не знаат. Ако банката е во „одлична форма“, како што вели Мицкоски - зошто им е запрена исплатата на граѓаните? Итно да реагира полиција и обвинителството. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.
1
17
3
70
4,134
Еве што вели Фајненшл тајмс (FT): "Омилената руска банка". Мислам дека на сите им е јасно. Мицкоски е единствениот преостанат прокси руски играч.
Serbia shuts down bank favoured by Russians ft.trib.al/fymqGAN
Readers added context they thought people might want to know
Since 2022, most Serbian banks have made opening accounts difficult for Russians. Alta Banka and Poštanska štedionica were among the few accessible options, especially for non-residents. meduza.io/feature/2026/1…
20
6
3
53
3,563
Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли а се дел од истрага ќе продолжат да се перат а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари.
21
24
4
113
8,589
На Хрватската национална телевизија (HRT) објаснуваат каква пропагандна машинерија има Вучиќ, и како таа работела. Истата таа машинерија, заедно со Орбановите медиуми, со години работи за Мицкоски. Дубаи. Згради од 42 ката. Др Менгеле. Убиец на деца. Народот го нарекува талог, мочуриште, медиокритети. Целата таа Гебелсова и Ванчо Михајловистичка пропаганда на Латас и Мицкоски сега излегува на виделина. Денес Алта банка во Србија е блокирана. Одземена ѝ е дозволата за работа. Токму таа банка беше финансиер на оваа црна пропаганда. Им порачувам: ќе одговараат, не поради лагите и клеветите против мене. Ќе одговараат затоа што народот го држат во сиромаштија и изолација.
29
17
2
86
6,737
Да му одговорам на човекот од БИА - началникот Латас... Латас, постои нешто што се вика платен ПР. Ти тоа најдобро го знаеш. Ти си само џубокс уште од времето на Груевски. Тебе ти се плаќа со куќи, со станови, со земја во хектари и милиони. На тебе и на онаа твоја пријателка. Се сеќаваш дека требаше да лежиш, ама твојот шеф Мицкоски и Вучиќ те ослободија. Разликата кај овој платен ПР е што се работи преку ПР агенции, како оние вашингтонските лоби куќи на Вучиќ, Мицкоски и Орбан. Капил Комиреди, новинар што пишува за New York Post и Telegraph, во август 2025 се сретнал со Вучиќ, недела дена пред да објави колумна. Во текстот ги пренесува тврдења на Вучиќ дека демонстрантите добиваат 30 евра дневно - без никакви докази, без простор за одговор од студентите. Во март и октомври 2026 следат повторно афирмативни текстови за истиот човек. Во својата биографија овој новинар самиот пишува дека работи за политичари. Тоа е истиот метод. Платен текст што ја брани бандата, што ги нарекува студентите платеници, што предупредува дека по Вучиќ ќе биде полошо. Како што ти - Латас и Информер го викате народот „талог“ и „усташи“. Комиреди знае како се наплаќа преку агенција, а ти преку Алта банка. Народот веќе не го купува тоа. Ни во Белград, ни тука. А ти ќе одговараш како и твојот колега Вучиќевиќ од Информер. Еве, слушај што тој самиот вели во објавената снимка… дека „ќе ги апсат доколку студентската листа победи“. Па победија. И тука народот наскоро ќе ја врати власта во свои раце, а потоа знаеш што ќе прават независните обвинители. Не може двапати да ти помине.
30
12
8
118
10,588
🇲🇰 🇷🇸 Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. 🇲🇰
80
24
11
230
18,659
ВМРО-ОКГ и Мицкоски во страв од утрешниот пад на нивниот шеф Вучиќ цел ден пласираат стотици лажни вести за мене и за СДСМ. Автомобили, истражувања, Платформа ЗНАМ 2.0… Господа од организираната криминална група, паѓате како домино. Ви се руши како кула од карти. Само вие штанцајте ги вашите објави и вести. Доаѓа време на вистина и правда, а вие ќе одговарате пред независни судови и пред европско обвинителство. Од стравот се големи очите, па гледајте. Ете, да имате и една вистинска вест во морето ваши лажни.
30
9
5
47
6,091
Србија утре гласа за ослободување од криминална власт. По речиси две години непрекинати мирни и демократски протести, студентите успеаа да дојдат до шанса за промена на системот. Вучиќ планира да ги украде изборите. Големи нерегуларности со избирачките списоци, издадените лични карти на странски државјани, голем притисок врз луѓето вработени во државниот сектор, контролирано и платено гласање, и апсолутна контрола на сите медиуми. На Македонија ѝ е позната оваа слика уште од времето на Груевски, а денес сме сведоци на повторно враќање во тоа време. Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници. Орбан падна. Сега е редот на Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, кој е дел од таа организирана криминална група. Како професор, стојам со цело срце покрај младоста, а на нашите соседи им посакувам среќа утре. Сакам Србија и Македонија да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи на државата како што имаме сега со потчинетиот однос на Мицкоски кон Вучиќ. Студентите победуваат. #3
63
23
23
239
25,918
Мицкоски вели дека не се занимава со коски од минатото, туку со иднина. Единственото што сервира се коски од минатото и коски за трпезата. За "елитата" часовник од 60.000 евра. За народот коски. ЕУ е државен интерес и подобар стандард. Марта Кос воопшто не ја спомна Македонија.
12
10
45
2,350
Денес прашувам: Има ли нешто за што не сум виновен? Може ли нешто да ме заобиколи? За гравитацијата? Јас. Врне? Јас. Сонцето изгреало? Јас. Ветерот? Јас. Земјата што се врти? Јас. Доаѓа зимата? Јас. Водата што тече? Пак јас. Не сум виновен што оваа банда повеќе не може да ги скрие неуспесите. Не сум виновен што лагите повеќе не поминуваат. Немаат повеќе ни Латас ни Мицкоски инспирација за вакви глупости. Можеби сум виновен и за тоа што народот гледа. Или за тоа што бајките се потрошија. Или за тоа што некој го прочитал ваквиот наслов и се смее? Народе, очигледно стојам зад сè. А вистината сама излегува.
12
9
1
63
3,352
Левица не гласаше за минималец од 600 евра. Не влегоа ниту во сала. На Светскиот ден на пристојна работа. Лева партија, десна наредба. Спутник на арамијата: анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. Далечинскиот на Мицкоски не даде сигнал. На крајот испадна и анти-плата. Анти-работник. Работникот не живее од нивната парола. СДСМ е единствената партија што гласаше. Левица молчеше, а гласна стана со платформата - ЗНАМ 2.0. Тоа е нивната анти-идеологија.
9
15
5
90
7,125
Еве, главниот советник на Мицкоски - Латас ми одговори. Човек на службата на Србија. Човек што ја палеше американската амбасада. Човек со награда од Милошевиќ во 90-тите. Човек што зеде хектари, куќи и станови од пари на граѓаните. Човек што со Живаљевиќ од БИА се врзува со 27 април. Денеска работи за БИА. Со Ивона, по инструкција, во канцеларија на Вучиќ. Обвинет за криминал. Ослободен заедно со Груевски - од Мицкоски. Уредник на Орбан–Вучиќ медиумите. Тој нешто одговара? Тој? Драган Павловиќ, доаѓа време на вистина. Знаеш дека тогаш доаѓа и правда. Еднаш се извлече. Следниот пат е европско обвинителство.
23
13
5
88
6,665
Еве зошто арамијата не сака во ЕУ. Со месеци велиме: го запира процесот затоа што се плаши од обвинителство. Сега е на хартија. Фон дер Лајен: пред пристапување - прво приклучување кон Канцеларијата на европскиот јавен обвинител. Во Унгарија го апсат поранешниот министер на Орбан. Така изгледа кога си член на ЕУ и кога власта не е организирана криминална група. Затоа сакаме Македонија во Унијата. Закон за сите. Нема повик на телефон. Има закон. Бандата го знае тоа. Затоа стоиме во место. Затоа патоказ добиваат други.
24
5
44
3,879
Кога Левица, ЗНАМ и ВМРО бараат реформи во СДСМ, време е и ние да бараме кај нив. Во ЗНАМ нема што да бараме. Веќе ги нема. Во Левица, освен шизофренија - лева партија со десни принципи, можеме да го добиеме само Мусолини. Псевдокомунисти со фризури на марксисти подобро звучи. Во ВМРО би барале смена на арамијата, наследник на Ванчо Михајлов. Но таму нема никого освен Мицкоски. Си направи реформи: ги укина потпретседателите. Останаа фан-клубови по општините. Владее сам. Нека си ги реформираат своите сателити. СДСМ не се реформира од кафеана. СДСМ се бори со народот на терен.
12
3
38
3,870
Ќе поднесе ли кривична пријава? Ќе тужи ли? Што рече Ќуркчиев? Не е вистина? Доаѓа време на вистина и правда.
1
4
26
1,792
Бедна е платформата што ја промовираат Ивона и Латас. Последен обид да се дестабилизира единствената опозиција во Македонија. Залудни ви се медиумите на Орбан и Вучиќ. Залудни ви се Мицкоски и финансирањето. Народот не е наивен. ЗНАМ 2.0 нема да помине.
8
2
23
1,914
Унгарија ги отвора досиеата. Фидес на Орбан гласаше против. Арамијата Мицкоски кај нас исто така, не сака светлина. Од одредени граѓани до новинари и нивните наследници што денес одат по медиумите на Орбан во Македонија. Мрежата е иста. Методот е ист. Тој што бега од отворање на архиви, бега од своето име во нив.
After a 36-year delay, Parliament today voted on TISZA’s initiative to declassify the communist-era secret police archives. Fidesz voted against it. I wonder why?
10
7
3
35
5,045