Значи вака - единствен виновник за АЛТА банка е НБРМ (читај Трајко, читај Мицко). Де луѓето биле глупи - оти не прателе што се случува (пази сега) кај комшиите, де луѓето биле глупи оти оделе кај непроверени банки, се луѓето биле глупи оти не работеле со е-банкарство.
1/...
Ниту се глупи што не следеле што се случува во Србија (зошто побогу би?). А, и бидете искрени и вие што следете - колку од вас искрено мислевте дека Вучиќ ќе падне? Ниту се глупи оти оделе во непроверени банки, оти бај д' веј ова е една од најстарите банки во Македонија. 2/....
Еве ме најпаметна во фамилијата. Со години ги убедував моите (маж, мајка, сестра, зет) да ја сменат банката. Ова "со години" трае уште кога Стопанска банка Битола ја зеде (не сакам да пишам ја купи, оти тоа беше приграбување) Орце Камчев. И, сега, само им велам - Кога ви велев!
Браво студенти! Се радувам како за своја земја! Да - не судете ботови македонски! Имам многу пријатели во Србија. Детето 6 години таму ми одеше на научна школа. И моите две внуки. Уште еднаш БРАВО СРПСКИ СТУДЕНТИ! Срцето ми е полно за вас ❤️❤️❤️
Уште една оригинална МК поддршка за студентите во Србија! А, снимките што ги гледам со редови за гласање уште од 7:30, се надреални. Не знам во друга држава во светот вакво нешто да се случило...и затоа - 3!!!
Добро, бре, старче сенилно фарбано, ќоро си, па не гледаш дека 7 на 6 не оди?!?! Го угуши нападот,противничкиот голман го направи стрелец, веќе 6 лесни гола примаат. Па, толку да не се разбирало, ПТМ, да ти ПТМ!
Колку зло треба да имаш за да трескаш од ѕид мачиња стари три месеци? Со какви психопати делиме воздух? Не можам да се соземам со часови. Не можам да појмам дека некој може да биде толку суров. И тој некој живее само два спрата над нас.








