Сите тие се фини луѓе. Чичко Миле од петти, Борче од Финансии, Никола од средно... Учтиви комшии, вредни колеги, добри другари.. Знаете што им е заедничко? Само зад затворена врата можат да покажат сила, иначе се кукавици!
Не смееме да молчиме! #НитуЕднаПовеќе!
Си била сакана уште пред да се родиш. Некој плачел од среќа додека го слушал твоето срце на CTG, месеци пред да дојдеш на овој свет. Некој те држел за рака, ти читал приказни, се радувал со твоите чекори, плачел за твоите солзи. Некој не спиел со денови, кога си била болна.
На овој свет има љубов. Има сонце. Има бои. Има среќа.
Замини од секое место кое тоа не ти го дава! Од секој човек! Без оправдувања, без исклучоци, без "ама тоа беше еднаш, нема да му се повтори, можеби јас го испровоцирав..". Разбираш?
Некој животот би го дал за тебе.
10.000 потписи за референдум за итно воведување на електронската нараквица за насилниците - Sign the Petition! c.org/dqQb86nvzr via @Change
Животот не мора да биде постојан напор, работа и грижа за утре, може да биде и препуштање, како пловење по голема, мрзлива река, на сончев ден, со сино небо во очите и бело облаче под главата. Без грижи, затоа што сите реки на светот завршуваат на совршено место - во морето.
Таа 17, тој 21. А бре деца. Кога ќе ти раскине, се затвораш дома, плачеш 3 месеци, јадеш сладолед додека гледаш серија и спиеш колку можеш повеќе. Или одиш во теретана, трчаш, учиш шпански.. Не го убиваш оној што си го сакал! Колку црнила имате во душата, за на ова да помиислите?






